Руските воени хеликоптери пристигнаа во Белград (ВИДЕО)

0

Спутник на српски јазик објави снимка на која на небото над Белград се гледа рускиот транспортен авион Ан-124 „руслан“ кој ги донесе во Србија четири нови воени хеликоптери.

„Руслан“ слета вчера, со хеликоптерте Ми-35М наменети за Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Војската на Србија.

Автор на снимката е Урош Митровиќ, кој го снимил моментот на слетувањето на авионот на воениот аеродром во Батајница.

Русија вчера пред предвидениот рок ѝ испорача на Србија четири борбени хеликоптери Ми-35М кои во следниот период треба да го зајакнат српското воено воздухопловство.

Според претходните најави, „триесет и петките“ требаше да стигнат на почетокот на 2020, но испорачани се порано на два дена пред средбата на претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, во Сочи.

ЕКСКЛУЗИВНО: Моћни „Руслан“ доноси 4 нова хеликоптера Ми-35М за Војску Србије

ЕКСКЛУЗИВНО: Моћни „Руслан“ доноси 4 нова хеликоптера Ми-35М за Војску Србијеhttps://sptnkne.ws/A87c

Posted by Sputnik Србијa on Monday, December 2, 2019