-4.3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Рускиот нафтен гигант ќе им плати речиси 3 милијарди долари на Украинците

Најчитани вести

Големата руска компанија Газпром во саботата објави дека се согласува да плати 2,9 милијарди долари на украинската компанија Нафтогас за да стави крај на долгиот спор во меѓународниот суд.

Москва и Киев оваа недела постигнаа договор за продолжување на транзитот на рускиот гас во Европа преку Украина. Постојниот договор истекува на 31 декември.

Во рамки на тој договор, извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер објави дека неговата групација се согласила да плати парична казна од 2,6 милијарди долари (2,9 милијарди долари со казни), според одлуката на арбитражниот суд во Стокхолм во февруари 2018 година, јавуваат руските агенции.

Според Алексеј Милер, Нафтогас за возврат се обврза да ги повлече сите други тужби поднесени во меѓународните судови.

„Нафтогас ќе добие 2,9 милијарди долари до крајот на годината“, изјави од Киев украинскиот министер за енергетика Олексиј Орјел, потврдувајќи дека Нафтогас ќе ги повлече другите тужби.

Досега, лошите украинско-руски односи спречуваа склучување нов договор за транзит на рускиот гас преку Украина.

Договорот треба да биде потпишан до 29 декември.

Ќе се однесува на период од пет години и „во првата година, најмалата загарантирана количина ќе биде 65 милијарди кубни метри и 40 милијарди во следните четири години“, рече Орјел.

Киев, Москва и Европската унија преговараа и постигнаа договор за тоа во четвртокот во Берлин и во петокот во белоруската престолнина Минск.

Со договорот се отстранува заканата од нова гасна војна која во 2000-тите ги одбележа односите меѓу Украина и Русија. И постојниот договор бил потпишан по последната гасна криза што во почетокот на 2010 година го наруши снабдувањето со гас во Европа.

Иако Европа е доста зависна од рускиот гас (35 проценти од нејзината потрошувачка), таа е многу помалку зависна од украинскиот транзит, кој во последните петнаесет години е намален за 40 проценти по изградбата на гасоводи што ја заобиколат Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести