17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Рускиот лек против коронавирус е пред втората фаза на тестирање

Најчитани вести

Руската Федерална медицинско-биолошка агенција се надева дека оваа година лекот против коронавирусот „Мир-19“ ќе биде регистриран, изјави денеска директорот на Институтот за имунологија при таа агенција, Муса Хаитов.

Хаитов, кој е член на Руската академија на науките, изјави за „Раша Тудеј“ дека ефикасноста на лекот ќе се изучува во текот на втората фаза од испитувањето, но тој посочи дека е тешко да се каже кога ќе заврши тестирањето.

„Ќе вложиме максимални напори да почнеме со втората фаза што е можно поскоро, и постојат сите предуслови за тоа, бидејќи лекот се покажа како многу ефикасен за време на претклиничката фаза. Ќе го регистрираме штом заврши втората фаза , Се надевам оваа година “, нагласи Хаитов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести