9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Рускиот историчар кој ја уби својата љубовница, брутално малтретирал и друга девојка

Најчитани вести

Рускиот историчар Олег Соколов, кој е обвинет за убиство на студентката Анастасија Јашченко, наводно и претходно и се заканувал на друга девојка со која исто така бил во љубовна врска.

Уапсениот Соколов (63), кој беше извлечен од река со отсечените раце на Јашченко во неговиот ранец, бил насилен и кон студентка идентификувана како Е.В. Иванова, јавуваат руските медиуми.

Иванова им рекла на властите дека била во романтична врска со Соколов во 2008 година. Меѓутоа, кога професорот слушнал дека таа планира да го напушти, тој и се јавил на телефон и почнал да ја навредува.

Медиумите претходно објавија дека и меѓу убиената девојка и професорот имало расправија, токму зошто и таа сакала да го остави.

Иванова во полиција раскажала дека набрзо професорот повторно ја побарал и и рекол дека ќе и помогне да ги изнесе своите работи од неговиот стан.

Кога Иванова дошла во станот, Соколов ја заклучил вратата и ја врзал со јаже за стол, пренесува српски „Телеграф“.

„Бев целосно беспомошна, не можев да пружам отпор“, раскажала девојката.

Додека била врзана за столот, Соколов приближил вжештено железо до нејзиното лице и, според нејзиното сведоштво, и се заканил дека трајно ќе ја осакати.

Иванова објаснила дека се обидела да се ослободи, но професорот тогаш го зел својот кожен ремен и се обидел да ја задави со него.

Девојката некако успеала да избега и да го пријави, но случајот никогаш не стигнал на суд, јавуваат медиумите.

Соколов пред извесно време призна дека ја убил, а потоа го распарчил телото на неговата 40 години помлада љубовница, Анастасија Јашченко.

Тој е познат експерт за Наполеон, а добитник е и на престижната француска награда Легија на честа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com