„Подготвен сум да одговарам на какво било прашање за односите меѓу двете земји. Чекам и средба со премиерот Димитар Ковачевски. Требаше да се видиме во јануари, ама средбата беше одложена поради негови обврски. Со претседателот Стево Пендаровски кусо се видовме и разменивме неколку реченици за време на годишнината од смртта на Борис Трајковски. Министерот Бујар Османи, пак, во изминатиот период даде широк спектар на изјави за односите со Русија. Тоа е негово право. Ние сме подготвени да ги браниме нашите позиции врз основа на принципите на взаемност и меѓусебно почитување. Јас не се согласувам со изјавите на Османи. Единствено се согласувам со неговата изјава дека нема директни закани за Балканот. Какви може да бидат се последиците за Западен Балкан кога дејствијата се во Украина“,- рече рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кој во гостување на Сител најави дека ова е само почеток и дека се можни и други возвратни мерки од Москва.
,,Досега врз Русија се спроведени 5530 рестриктивни мерки и за жал, во нив се вклучи и македонската влада. Испраќањето оружје за Украина од ваша страна го карактеризираме како неоправдан ризик за безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е друга приказна, но ние поаѓаме од владиното соопштение, рече рускиот амбасадор