17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Руската Сбербанк група го напушта европскиот пазар

Најчитани вести

Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.

Во соопштението од банката се наведува дека нивните филијали се „соочуваат со абнормален одлив на средства и закани за безбедноста на вработените“.

Сбербанк не е во можност да обезбеди ликвидност за своите европски филијали поради налогот на Централната банка на Русија. Сбербанк беше присутна во осум европски земји – Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

„Европските подружници на Сбербанк имаат високо ниво на капитал и имот, средствата на клиентите се осигурани во согласност со локалните закони“, наведе банката.

Банкарскиот регулатор на ЕУ синоќа соопшти дека ќе биде отворена стечајна постапка за главната филијала на Сбербанк во Европа.

Сбербанк Европа АГ, главната филијала во Европа со седиште во Австрија, која вработува скоро 4000 луѓе, ќе биде предмет на „постапка за несолвентност“ во таа земја, соопшти регулаторот.

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беше воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com