Home » Руската Канцеларија за врски во Приштина е под целосен надзор, вели Курти

Руската Канцеларија за врски во Приштина е под целосен надзор, вели Курти

by Журнал.мк

Косовскиот претседател изјави дека нема комуникација меѓу руската канцеларија и владата што тој ја води
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека односите меѓу Србија и Русија се многу тесни и во ова време, кога продолжува руската окупација на Украина, така што Канцеларијата за врски на Русија во Косово е под целосен надзор на надлежните органи, јави МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата КТВ, Курти изјави дека нема комуникација меѓу руската канцеларија и владата што тој ја води.

„Ние немаме добра комуникација, меѓутоа таа е под целосен надзор на нашите надлежни органи. Но несомнено не се пасивни ниту нашите сојузници и партнери“,

изјави Курти.
Тој нагласи дека е подготвен соодветно да постапува во случај да се појави некоја опасност која потекнува од дејствувањето на руската канцеларија.

„Додека не добиеме некое упатство за дејствување поради нови факти, за да реагираме на некоја одредена активност, ќе остане вака како што е. Меѓутоа, во моментот кога макар и малку ќе забележиме дека се случуваат опасни или непредвидени работи несомнено нема да се двоумиме да реагираме ниту за миг“,

порача Курти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk