29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Руската Дума на обвинителите ќе им даде овластувања да затвораат дописништва на странски медиуми

Најчитани вести

Рускиот Парламент (Дума) вчера го усвои законот со кој обвинителите се овластуваат да затвораат странски медиуми во Москва, доколку се медиуми што доаѓаат од земја која била „непријателска“ кон руските медиуми, откако на некои руски државни медиуми им беше забрането да делуваат во земјите од Западот.

Предлог-законот, усвоен во прво читање од Думата, долниот дом на рускиот парламент, исто така забранува дистрибуција на написи или друг медиумски материјал што бил запленет од обвинителството.

Законот треба да помине уште две читања и треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот и потпишан од претседателот Владимир Путин, објави Хина.

„Во актуелната геополитичка ситуација, медиумите станаа инструмент за влијание врз информациската состојба во општеството“, велат пратениците во образложението на законот.

Законот беше предложен од влијателни луѓе, меѓу кои и Андреј Луговој, кој беше обвинет во отсуство од британските обвинители во 2006 година за труење на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко.

Лугавој, поранешен член на КГБ, ги негира обвинувањата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постојано го критикуваше Западот поради забраната за емитување на руските државни медиуми Спутник и РТ.

Рускиот претседател Владимир Путин во март го потпиша законот со кој се изрекуваат затворски казни до 15 години за лица кои намерно шират „лажни“ информации за руските вооружени сили.

Како резултат на тоа, некои западни медиуми ги повлекоа своите новинари од Русија, но некои, вклучително и Ројтерс, останаа во земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com