23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Руската вакцина ќе се произведува во Бразил, почнувајќи од 15 јануари

Најчитани вести

Руската вакцина против коронавирус Спутник V ќе започне да се произведува во Бразил од 15 јануари, според официјалниот профил на Твитер на производителот на вакцини.

„Бразил ќе започне со производство на Спутник V на 15 јануари“, објави на Твитер Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Бразилската фармацевтска компанија Унио Квимика објави дека го примила клеточниот материјал за производство на вакцината Спутник V од Русија и го најави нејзиното производство во фабриките во бразилската престолнина Бразилија.

Таа компанија, наводно, ќе побара од националниот регулатор дозвола за итна употреба на вакцината во Бразил, што ќе овозможи да биде вклучена во националниот план за вакцинација.

На 8 јануари, бразилската Национална агенција за санитарна инспекција Анвис побара дополнителни информации за руската вакцина против коронавирус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести