36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Руската вакцина „Спутник V“ ќе се произведува во Италија

Најчитани вести

Додека ЕУ се уште расправа околу руската вакцина, Италија се подготвува да ја произведува. Имено, рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник V“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на фондот, Кирил Дмитриев.

-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од агенцијата Тасс.

Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.

Производството на „Спутник V“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести