12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Руската армија ќе добие повеќе од 70 борбени авиони Су-57

Најчитани вести

Повеќе од 70 борбени авиони од петтата генерација Су-57 ќе бидат испорачани на руската војска до 2027 година, вклучително и неколку авиони оваа година, соопшти руската државна технолошка корпорација Ростек.

Ростек коментираше статија во американското списание Нешнал Интерест (National Interest), во која се тврди дека е малку веројатно дека Су-57 ќе биде оперативен пред 2027 година, објави агенцијата ТАСС.

„Руските авиони од петтата генерација прават Западот да не се чувствува удобно. Су-57 и новиот руски ловец често стануваат цел на лажни вести. Станува збор за неточни факти кои немаат никаква врска со реалноста. Авионот веќе се произведува и испорачува. До 2027 година ќе бидат испорачани повеќе од 70 авиони, а неколку веќе оваа година“, се наведува во соопштението на Ростек.

Руската новинска агенција додава дека руската воздушна флота ќе добие 22 авиони Су-57 до 2024 година, а тој број ќе се зголеми на 76 до 2028 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com