Home » Руската армија напредува во Донбас, дневно се испукуваат и до 60.000 парчиња муниција

Руската армија напредува во Донбас, дневно се испукуваат и до 60.000 парчиња муниција

by Журнал.мк

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генералот Валерија Залужни потврди дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но вели дека нема простор за паника бидејќи ситуацијата е под контрола.

„Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана”, изјави Залужни.
Залужни кажа дека „непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот, а во исто време, Русија секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција“.

Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули.

„Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на борбениот фронт Авдивка-Писки-Маринка“, рече Залужни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk