14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Руската амбасадорка во Софија изјави дека нејзината земја имала комплицирани односи со Борисов

Најчитани вести

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова ги повика политичарите во Бугарија да соработуваат со Русија кога имаат интерес, како и со Европската унија кога е од корист за нивната земја да има нормален баланс, јави дописникот на МИА од Софија.

Митрофанова го коментираше ова во Варна за време на нејзината посета, велејќи дека Русија имала комплицирана интеракција со владата на Бојко Борисов. И за ова можело да се суди според проектот за нуклеарната централа Белене. Митрофанова изрази надеж дека повеќе прагматизам и взаемно почитување ќе бидат присутни во политичките и економските односи меѓу Бугарија и Русија.
Што се однесува до претседателските избори во Бугарија, таа рече дека тие се деликатна работа и дека ќе работат со тој претседател, кого граѓаните на Бугарија го изберат. Амбасадорката на Русија во Бугарија коментираше дека како личност и се допаѓа Румен Радев затоа што тој е достоен претставник на Бугарија. „Тој е интелигентен и убав, но најважно е да им се допадне на Бугарите”, рече Елеонора Митрофанова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com