31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Русија ќе ја забави брзината на Twitter бидејќи не отстранува забранети содржини

Најчитани вести

Руското тело за надзор на комуникациите Роскомнадзор објави денеска дека ќе ја ограничи употребата на Twitter со забавување на неговата брзина, обвинувајќи ја социјалната мрежа за кршење на законот бидејќи повеќе пати не ја отстранила забранетата содржина од својата платформа.

Роскомнадзор се закани дека целосно ќе ја блокира услугата, нагласувајќи дека до денеска имало повеќе од 3.000 објавувања на нелегална содржина.

Twitter, како и останатите американски социјални мрежи, се користи во Русија од сојузниците на опозицискиот лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, чие затворање минатиот месец предизвика протести низ целата земја.

„Забавувањето ќе се примени на 100 проценти од мобилните уреди и 50 отсто на немобилните апарати. Доколку (Twitter) продолжи да ги игнорира законските обврски, мерките ќе продолжат согласно регулативите“, соопшти Роскомнадзор на својата веб-страница.

Twitter засега нема дадено коментар во врска со ваквите најави.

Овој потег доаѓа во момент на зголемените напори на Москва да влијае врз американските социјални платформи и поради фрустрација затоа што, според властите, руските закони не се почитуваат.

Минатиот декември, Долниот дом на Парламентот усвои нови големи парични казни за платформите што не бришат забранета содржина, како и закон со кој би биле ограничени доколку ги „дискриминираат“ руските медиуми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести