Повеќе од 1.000 украински војници што се предале во Мариупол се однесени во Русија, каде што против нив ќе биде покрената истрага, јави агенцијата Тасс.
Се очекува дека во наредните денови во Русија ќе бидат префрлени уште украински затвореници, изјавил за Тасс извор од руската полиција.
Украина вели дека работи на враќање на сите затвореници, додека некои руски пратеници велат дека треба да им се суди.
Денеска е сто и петти ден од војната во Украина.