-3 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Русија успешно го тестира сопствениот интернет

Најчитани вести

Русија заврши серија тестови за проверки дали интернет-услугата на земјата може да функционира доколку е исклучена од светската мрежа. Тестирањето покажа дека државните агенции и оператори се подготвени да реагираат ефикасно на заканите и да обезбедат интернетот и комуникациите функционираат ефикасно, соопшти заменик-министерот за комуникации, Алексеј Соколов.

Проверката, која траеше неколку дена на специјално дизајнираните мрежи, беше спроведена во согласност со законот за „суверен интернет“ донесен во ноември како одговор на, како што Русија ја нарекува, „агресивна природа“ на американската безбедносна стратегија во доменот на интернетот.

Според законот, државните институции и безбедносните служби, како и сите оператори за комуникации, пораки и електронска пошта, мора да учествуваат во тестирање што не влијае врз редовните корисници на интернет.

  • Нашата цел беше да обезбедиме непрекината интернет-услуга на руска територија под какви било околности – објасни Соколов.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести