Home » Русија се повлекува од СЗО и СТО

Русија се повлекува од СЗО и СТО

by Журнал.мк

Руската влада го започна процесот на еднострано повлекување од неколку меѓународни организации, вклучително и од Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Долниот дом на Федералното собрание, Пјотр Толстој.

Ќе ги преиспитаме нашите меѓународни обврски и договори од кои сега немаме никаква корист, туку само директна штета.

„ Министерството за надворешни работи испрати список на тие договори до Собранието, а ние ќе го анализираме и ќе предложиме да се повлечеме од нив“, рече Толстој, пренесува Политико.

На 10 мај, европските членки на СЗО поддржаа резолуција со која се повикуваат Обединетите нации да одлучат да го преместат европското седиште на Канцеларијата за незаразни болести од Москва и привремено да ги прекинат сите регионални состаноци што ќе се одржат во Русија.

Рускиот помошник министер за здравство Андреј Плутницки тогаш изјави дека усвојувањето на ваквата резолуција е грубо кршење на Статутот на СЗО.

Предлогот за повлекување од СТО во руската Дума беше даден уште во март, откако група западни земји одлучија да ги укинат трговските привилегии на Русија поради инвазијата на Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More