15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Русија протера бугарски дипломат

Најчитани вести

Руската влада протера бугарски дипломат откако Софија одби да издаде виза за рускиот одбранбен аташе, објави денеска бугарското Министерство за надворешни работи.

Бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Крастин, е известен дека дипломатот мора да ја напушти Русија во рок од 24 часа, како што наложува дипломатскиот протокол, соопшти Министерството.

Москва рече дека станува збор за реципрочна мерка поради одлуката на Бугарија да не издаде виза за аташето за одбрана при руската амбасада во Софија, и тоа еден ден откако е протеран руски дипломат поради наводно шпионирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com