33.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Русија нема да ја остави Белорусија на цедило

Најчитани вести

Москва ќе продолжи да го поддржува Минск дури и по воведувањето санкции за Белорусија од страна на Европската Унија, изјави амбасадорот на Русија во Белорусија, Евгениј Лукјанов.

– Ние нема да ја напуштиме Белорусија, дури и ако ситуацијата стане апсолутно критична – нагласи тој.

Според Лукијанов, Русија и Белорусија се сојузници, а сојузниците не се изневеруваат.

– Дури не сакам ни да го потенцирам фактот дека сме два братски словенски народи – додаде тој.

ЕУ во понеделникот воведе четврти пакет санкции против Белорусија, кој вклучува 78 физички лица и осум компании. На нив ќе им биде забранет влез на територијата на ЕУ, а нивните финансиски средства во земјите на ЕУ ќе бидат замрзнати.

Покрај тоа, службата за надворешна политика на ЕУ издаде изјава според која САД, Канада и Велика Британија воведоа синхронизирани санкции со оние на ЕУ против Белорусија.

Досега 166 физички и 15 правни лица се најдоа на „црната листа“ на ЕУ.

ЕУ во моментов подготвува секторски економски санкции против Минск, што може да влијае на рафинирање на нафта и на дрвната индустрија. Точното време на воведување на овие ограничувања сè уште не е наведено, а медиумите пишуваат дека може да следат во август или септември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести