3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Русија и Украина одржаа воени вежби, голема напнатост во регионот

Најчитани вести

Руски борбени авиони и бродови вежбале одвраќање воздушни напади од поморски бази за време на воените вежби во Црното Море, јави агенцијата Интерфакс, а во исто време соседна Украина одржала воени вежби.

Вежбите се одржуваат во време на големи тензии околу Украина. Украинските и американските власти предупредуваат дека Русија би можела да го нападне јужниот сосед, но Кремљ ги отфрла овие наводи.

„Во оваа борбена обука учествуваа околу десет екипажи од авиони и бродови на Црноморската флота во поморската база Новоросијск“, објави Интерфакс, повикувајќи се на наводите на Црноморската флота.

Според Интерфакс, борбените авиони Сухој и другите авиони вежбале одговор на непријателските воздушни напади со тренажни летови над Црното Море во соработка со Црноморската флота. Руската Црноморска флота се наоѓа на Крим, кој Москва го анектира од Украина во 2014 година. Киев бара Русија да го врати Крим.

Украина, која ја обвинува Русија за собирање војници во близина и вели дека Белорусија би можела да испрати мигранти до нејзините граници, започна операција за зајакнување на границата, вклучувајќи воени вежби на противтенковски и воздушни единици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com