5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Русија и Украина во Турција потпишуваат важен договор за извоз на житарки

Најчитани вести

Украина и Русија подоцна денеска во Турција ќе потпишат договор за обновување на украинскиот црноморски извоз на житарки, соопшти кабинетот на турскиот претседател во четвртокот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и претставници на Украина и Русија ќе учествуваат на церемонијата на потпишување што ќе се одржи во 15:30 часот по средноевропско време во палатата Долмабахче во Истанбул.

Украина и Русија, и двете меѓу најголемите светски извозници на храна, не го потврдија веднаш соопштението од четвртокот на канцеларијата на турското претседателство. Но, во видео обраќањето доцна синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека црноморските пристаништа на неговата земја наскоро би можеле да бидат деблокирани.

Блокадата од руската црноморска флота ги намали залихите на пазарите ширум светот и ја зголеми цената на житото откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на војниците да влезат во соседна Украина на 24 февруари.

Зеленски, чие обраќање главно се фокусираше на потенцијалот на украинските сили да постигнат напредок на бојното поле, рече: „И утре очекуваме новости за нашата држава од Турција – во врска со деблокирањето на нашите пристаништа“.

Москва ја отфрли одговорноста за влошувањето на кризата со храната, обвинувајќи го застрашувачкиот ефект на западните санкции врз забавувањето на сопствениот извоз на храна и ѓубрива, а Украина за минирање на нејзините пристаништа во Црното Море.

Договорот треба да овозможи извоз на украинските житарки што лежат во магацини поради блокадата на пристаништата на Црното Море и да го олесни извозот на руски житарки и вештачки ѓубрива. Можен е договор деновиве, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Имаме надеж за житарките. Се надеваме дека деновиве ќе имаме добри вести“, рече тој и додаде дека е оптимист во интервју за јавната телевизија ТРТ. Договорот треба да овозможи повторна употреба на црноморските пристаништа благодарение на воспоставувањето безбедни рути и прекини на огнот во транзитните области.

Планирана е проверка на трговските бродови, што најверојатно ќе ѝ биде доверено на Турција, за да се осигури дека бродовите што одат во Одеса по житарки не носат оружје. Планирано е и формирање на координативен центар во Истанбул, во кој би учествувале ОН и поморски експерти, велат дипломатите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести