Home » Русија и вратила на Украина тела на 210 борци од Мариупол

Русија и вратила на Украина тела на 210 борци од Мариупол

by Журнал.мк

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија досега вратила тела на 210 украински борци убиени во битката за Мариупол, наведувајќи дека повеќето од нив биле борци кои го држеле последното упориште во челичаната Азовстал.

Воената разузнавачка агенција не соопшти уште колку тела останале во урнатините на фабриката за челик.

Мариупол, разурнат пристаништен град, сега е под контрола на Русија, која минатата недела почна да ги враќа телата во Украина, потсетува Бета.

Украина во саботата соопшти дека двете страни размениле 320 тела. Двете завојувани страни добиле по 160 тела на нивни борци.

Украинските борци ја бранеа фабриката за челик Азовстал речиси три месеци пред да се предадат во мај под постојани напади на руските сили од копно, море и воздух.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk