7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Русија за три милијарди долари продаде дел од „Гаспром“ на непознат купувач

Најчитани вести

Рускиот гигант „Газпром“ објави дека заработил речиси 3 милијарди долари со продажба на 3,6 отсто од акциите на купувач чиј идентитет не се открива.

Според светските агенции, акциите биле продадени преку подружница на „Гаспром“, со попуст од 11 проценти во однос на цената за затворањето на берзата минатата среда.

Уделот од 3,6 проценти се состои од трезорски акции, кои се продадени по цена од 220,72 рубли по акција, што значи дека компанијата остварила приход од продажба од 187,7 милијарди руби или 2,95 милијарди долари.

Во јули руската компанија со слична трансакција продаде 2,9 проценти удел, со попуст од пет проценти, за 2,2 милијарди долари.Иако „Гаспром“ нема никаква обврска да ги открие имињата на клиентите со оглед дека купените акции се помалку од пет проценти, податоците од московската берза покажуваат дека само еден купувач ги купил акциите во последната трансакција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com