Home » Русија ги обвини САД за провокација по инцидентот со американскиот дрон над Црното Море

Русија ги обвини САД за провокација по инцидентот со американскиот дрон над Црното Море

by Журнал.мк

Сметаме дека секоја акција во која се користи американско оружје е отворено непријателска.Тие нè испровоцираа да преземеме одредена акција, што ќе им овозможи да ги обвинат Русија и руската војска дека се непрофесионални, вели рускиот амбасадор во САД.

Еден ден по инцидентот над Црното Море, Русија ги повика САД да ги прекинат „непријателските летови“, пренесува АФП.

„Сметаме дека секоја акција во која се користи американско оружје е отворено непријателска. Тие нè испровоцираа да преземеме одредена акција, што ќе им овозможи да ги обвинат Русија и руската војска дека се непрофесионални“, рече рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, одговарајќи на прашање на државната руска новинска агенција ТАСС.

Тој потврди дека руските борбени авиони не користеле оружје против американскиот дрон.

„Би сакал да нагласам дека руските пилоти дејствуваа на многу професионален начин. Немаше никаков контакт ниту употреба на оружје од страна на нашите борбени авиони“, додаде Антонов.

Антонов вели дека дронот летал со исклучени транспондери и влегол во зоната на специјалната воена операција.

„Информациите за зоната беа јавно објавени преку меѓународни канали. Ние, Русија, ги предупредивме сите за тоа. Мислам дека ова беше вистинска провокација“, изјави тој за новинарите по консултациите во американскиот Стејт департмент, каде што дипломатот беше поканет поради инцидентот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk