Home » Русите почнаа да го склопуваат „Кинескиот Wrangler“

Русите почнаа да го склопуваат „Кинескиот Wrangler“

by Lina Muslija

Руската фабрика „Автотора“ е во фаза на подготовки да започне процес на сериско склопување на кинески теренец кој неодоливо наликува на  Jeep Wrangler

Станува збор за моделот со налепниците на кои пишува BAIC BJ40.Теренецот има механички атрибути кои ги красат возилата со зголемено растојание од подлогата, но и желба за дополнителна доза на употребливост на тешко остапен терен.

Мислиме на каросерија поставена на шасија, интегрален погон и дволитарски мотор под хаубата.

Најавите укажуваат дека BAIC BJ40 ќе се нуди и на рускиот пазар и дека ќе се нуди со делумно отстранлив покрив и резервно тркало закачено на задната врата.

Веројатната малопродажна цена на возилото на тој пазар ќе биде 3.759.900 рубљи, што во „наши пари“ е околу 40.200 евра.

BAIC BJ40 не е новитет.

На производните линии е од 2014 година и е базиран на истата платформа како и моделот BJ80, кој повторно е неовластена кинеска копија на легендарниот Mercedes-Benz G Class.

Теренецот BJ40 од очигледни причини го доби прекарот „Кинески Wrangler“. Овој модел во Кина чини од 20,2 до 26,5 илјади евра, а покрај верзијата придвижувана од бензински агрегат, Кинезите можат да го купат и со турбодизел погон.

Од друга страна, барем на почетокот Русите ќе го купат со дволитарски турбо бензински мотор и 225 коњски сили со максимален вртежен момент од 380 nm. Ваквиот погон е надополнет со осумстепен автоматски менувач. Верзијата која може да се опише и како „нафташ“ (дизелаш) ќе пристигне малку подоцна.

На пазарот на Руската Федерација ова возило ќе може да се набави само во најдобриот пакет на опрема, кој вклучува LED осветлување, 17-инчни бандажи со гуми наменети за off road патишта. Деталите од хром се видливи на каросеријата, а има и пластичен, отстранлив покрив.

Списокот на опрема вклучува и копче за стартување на генераторот, виртуелна инструментација на дијагонален монитор од 12,3 инчи, резервно тркало во исти димензии како и другите тркала. Има и седишта што се греат и секакви други работи.

Тркалото на воланот што е мултифункционален, е покриени со велур.

„Автотор“ веќе склопува некои модели на кинескиот BAIC. Тоа се crossover моделот X35 и седанот со индекс U5 Plus. Засега, производството се врши според принципот SKD, а таквиот тип често се нарекува ” штрафцигер индустрија”. Производството во целосна смисла на зборот треба да започне наскоро.

Можеби е интересно да се спомене на крајот дека моделот U5 Plus, кој е во иста класа со Elantra на Hyundai, кој од познати причини се уште е невозможно да се купи во Русија, се продава по цена од 18.250 евра, додека X35 (квивалентно на, да речеме, Bayon на Hyundai) чини околу 18 илјади евра).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More