Home » Русите нудат 100.000 рубли за секој што од Херсон ќе се пресели во Русија

Русите нудат 100.000 рубли за секој што од Херсон ќе се пресели во Русија

by Журнал.мк

Прорускиот челник на украинскиот окупиран регион Херсон, кој го постави Москва, понуди еднократна исплата од 100.000 рубли (нешто повеќе од 1.600 евра) на „секој евакуиран жител“ на Херсон кој ќе го напушти градот и ќе се пресели во Русија.

Кирил Стремусов, еден од челните луѓе на проруската администрација на окупираниот Херсон, денеска на својот Телеграм налог рече дека „денеска е последниот ден за организирање евакуација од десниот брег на реката Дњепар во регионот Херсон“.

„Повеќето жители кои досега не го напуштија Херсон сега почнуваат да ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и моите предупредувања„.

„По доаѓањето на левиот брег, жителите од десниот брег на регионот Херсон со автобуси се префрелаат на Крим, каде ќе ги дочекаат волонтери. Потоа евакуираните ќе заминат во други региони на Руската Федерација“, напиша Стремусов.

„Во другите региони на Руската Федерација, на жителите на Херсон ќе им биде доделено привремено престојувалиште. Покрај тоа, секој евакуиран жител на Херсон ќе добие еднократна помош во изност од 100.000 рубли“, напиа прорускиот челник.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More