Home » Русите заплениле земјоделски машини вредни пет милиони долари, ама не можат да ги вклучат

Русите заплениле земјоделски машини вредни пет милиони долари, ама не можат да ги вклучат

by Журнал.мк

Руската војска на бојните полиња во Украина запленила земјоделски машини вредни околу пет милиони евра, но машините се исклучени „на далечина“ и не може да се вклучат, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на локален бизнисмен.

Вредните земјоделски возила и машини биле запленети по освојувањето на градот Мелитопол и околината, која е во срцето на житните полиња на Запорожје, во југоисточна Украина.

Руската војска наводно ги однела машините во Чеченија, на околу 1.100 километри од Мелитопол, но таму увидела дека тие се бескорисни, затоа што се исклучени „на далечина“ и заштитени со веројатно непробојни компјутерски кодови.

ГПС-опремата за следење покажува дека машините, меѓу кои има и огромни комбајни, сега се во близина на чеченскиот главен град Грозни, тврди бизнисменот.

„Кога окупаторот ги однесе украдените комбајни во Чеченија, сфатија дека не можат ни да ги вклучат, затоа што тие се „заклучени“ на далечина“, вели изворот за „Си-ен-ен“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More