20.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Румен Радев со безбедносните служби на Бугарија ќе ги штити Бугарите во Македонија!?

Најчитани вести

Бугарскиот претседател Румен Радев со безбедносните служби ќе ги штити Bугарите во Mакедонија.

Тој вчера на состанок во претседателската резиденција во Софија ги повикал шефовите на безбедносните служби во Бугарија, а целта како што стои на официјалниот веб-сајт била да се преземат „навремени мерки за соодветна заштита на бугарските граѓани во странство, кога тие се нападнати поради нивниот национален идентитет.“

Поводот за ваквиот состанок, како што се наведува, е писмото кое било испратено од таканаречениот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, како и апелите од како што стои во соопштението, нивни сонародници во Македонија кои се соочувале со зачестени појави на нарушување на нивните права, поради фактот што се идентификуваат како Бугари.

Дали е ова закана за мешање во внатрешните работи на Македонија, засега нема коментар од македонското МНР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com