Home » Руколата лекува и подмладува

Руколата лекува и подмладува

by Журнал.мк

Руколата од неодамна стана позастапена во домашната кујна, а поради своите лековити својства, би требало почесто да се најде на вашето мени. За руколата многумина велат дека лекува, подмладува и ги топи килограмите – доволно причини за да стане вашиот омилен зеленчук.

Листот од рукола е исклучително богат со витамини, па затоа и сѐ повеќе луѓе ја одгледуваат. Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси, како што се витамините Ц, К и А, па затоа успешно се бори против слободни радикали. Полна е со каротеноид, како и со многу други минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум, а сите тие се корисни и потребни елементи во човечката исхрана.

Руколата лекува многу болести, а најмногу се применува за лечење срце и како антиканцерогено средство. Таа претставува природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување чирови, хронични констипации, проблеми со кашлањето, настинки, остеопороза и слични заболувања.

Руколата е корисна бидејќи ја прочистува крвта, го поттикнува лекувањето на болести на црниот дроб и ја намалува можноста за појава на канцер, особено рак на дојка и на бели дробови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More