16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Рудигер за Мундијалот во Катар: Парите и моќта играат многу важна улога во светскиот фудбал

Најчитани вести

Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Рудигер е скептичен околу организацијата на Светското првенство 2022 година во Катар.

– Одлуката да се одржи турнирот во Катар не беше донесена во корист на навивачите, исто така не за нас играчите. Оваа одлука покажа дека парите и моќта играат многу важна улога во светскиот фудбал. Се изнаслушав многу за можен бојкот на ниво на официјални лица и здруженија, но не и кај нас фудбалерите. Конечно, ние, играчите, мора критички да погледнеме на оваа ситуација и тоа веќе го направивме како тим, рече дефанзивецот на Реал Мадрид и Германија.

Мундијалот во Катар ќе биде преседан во историјата на Светски првенства, бидејќи ќе се игра во зима.

Катар ќе биде домаќин на планетарниот фудбалски собир од 20 ноември до 18 декември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com