13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Рочиштето за „Монструм“ одложено за 1 јули, не дојдоа сведоци

Најчитани вести

Неодржувањето на закажаното рочиште предизвика револт кај родителите на убиените момчиња, кои повторно побараа од судот да се декласифицираат пет телефонски броеви кои биле прислушувани со пим мерки, за кои тие тврдат дека се на функционери од ДУИ.

Горан Наќевски , татко на убиениот Александар и денеска истакна дека додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

– Дајте ни го класерот со државна тајна. Ние веќе и ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, рече Наќевски.

Овој пат рочиштето беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци кои денеска требаше да дадат исказ. Судијата Осман Шабани на судењето телефонски побара информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто сведоците не се донесени во судница, на што доби одговор дека едниот сведок бил недостапен, односно куќата која била наведена во неговата адреса била продадена. Додека другиот сведок веќе еднаш сведочеше пред судот и наметна теза дека автомобилот “опел омега” со кој се превезувале извршителите на убиството е во сопственост на МВР.

Овој сведок треба да се појави повторно заради повторување на постапката откако Врховниот суд во 2017-тата ги укина пресудите и го врати предметот на повторно одлучување, кој пак сега го води специјалното јавно обвинителство.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за први јули.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com