23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Ротирачка сцена и амфитеатар на Китино Кале

Најчитани вести

Над Спомен костурницата во Кичево привршува дел од проектот за ревитализација на Китино Кале кој опфаќа изградба на ротирачка сцена и амфитеатар на највисоката кота на калето. Изведувачот на работите најави дека овој објект ќе биде завршен најдоцна до средината на мај.

“Еден од најуникатните објекти што ќе биде изграден во рамките на проектот за ревитализација на Китиното Кале е амфитеатарот со ротирачка сцена на врвот од калето, каде во потоплиот период од годината ќе се организираат театарски претстави, ќе настапуваат музички групи и ќе се одржуваат други настани. Со изградбата на овој објект и нашиот град по примерот на Охрид и Битола, ќе добие амфитеатар со летна сцена. Според проценките на изведувачот а, и нашите проценки, овој објект ќе биде завршен најдоцна до средината на мај“, вели Дарко Белески, проект- координатор за ревитализација на Китино Кале.

Тој апелира до граѓаните се она што е изградено во рамките на овој проект да биде и зачувано, бидејќи уште недовршен проектот, се девастираат детските играчки, се фрлаат разни предмети во фонтаните, а на клупите за одмор фигурираат разни написи.

При минатогодишната посета на калето хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ, најави гостување на позната театарска група од Загреб на оваа сцена по завршувањето на изградбата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести