22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Роналдо со овој потег му покажа на Сари кој е главен во Јувентус

Најчитани вести

По долго чекање пристигна потврда дека Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус.

Италијанецот напорно работи на тоа неговите играчи да сфатат што од нив бара во текот на сезоната, па не се двоумеше да оди до француската ривиера за да разговара со Роналдо за тоа каде го гледа Португалецот на теренот.

Додека другите се воодушевени од работната етика на Сари кој не мирува дури ни за време на одморот, некои медиуми го осудија бидејќи отиде да се види со Роналдо.

Така италијанскиот Либеро пишува дека со тој потег покажа дека фудбалерот е пред него и дека сега на сите им е јасно кој ќе го има главниот збор во соблекувалната и следната сезона.

Потег кој би можел да направи разлика или само знак на нови проблеми во Торино? На тој одговор ќе мора да почекаме.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести