9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Роналдо: Се надевам навивачите на Атлетико нема повторно да ме провоцираат

Најчитани вести

Јувентус во својата група во Лигата на шампиони како најсериозен противник ќе го има тимот на Атлетико Мадрид.

Лани овие два клуба играа во осминафиналето од елитното натпреварување. По победата од 2-0 на Атлетико на домашен терен, Јувентус на реваншот славеше со 3-0 и тоа благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо.

Португалецот повторно ќе биде во центарот на вниманието, а овој пат имаше и порака за навивачите на шпанскиот клуб.

„Се надевам дека навивачите овој пат нема да ме провоцираат и да кажуваат неспортски работи за мене“, изјави Роналдо. „Освен тоа се надевам дека ќе биде интерсна пресметка. Тоа е еден обиечн натпревар, знаеме колку е квалитетен Атлетико, бев во Реал долго време и затоа добро го познавам ривалот“, прокоментира Португалецот.

Тој се надева дека оваа сезона ќе биде среќна за Јувентус да дојде до пехарот иако е свесен дека освојувањето на трофејот е сиклучително тешко.

„Кој тим не се засили сезонава? Сите се засилуваат за да победат. Се надевам дека тоа овој пат е Јувентус, но ова е најтешкото натпреварување. Не секогаш триумфира фаворитот, но се надевам дека ова е наша година“, заврши Роналдо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com