33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Роналдо постигна 25 гола 14 сезони по ред

Најчитани вести

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше двоен стрелец синоќа на мечот од 23. коло во италијанскиот шампионат против Кротоне. Така, Португалецот оваа сезона стигна до 25 погодоци. Роналдо ја достигна оваа граница во неговата 14. последователна сезона.

Тој ваква ефикасност покажува уште од сезоната 2007/08, кога сè уште играше за Манчестер јунајтед. Португалецот подоцна постигна најмалку 25 гола за неговите девет години во Реал Мадрид, по што серијата продолжи во Јувентус.

Најуспешна за Роналдо беше сезоната 2014/15, кога Роналдо погоди 61 пат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести