Португалија на Кристијано Роналдо нема да ја одбрани европската титула откако вчера во осминафналето загуби со 1:0 од Белгија, во меч во кој тој не успеа да го надмине рекордот на Али Даеи со својот 110. гол за репрезентацијата, и фрустрацијата беше толку голема, што повторно настрада капитенската лента.
Португалија имаше 23 удари на голот на Белгија, поставувајќи рекорд на удари без гол на ЕВРО 2020, и Роналдо не успеа да го скрие разочарувањето на крајот на мечот, фрлајќи ја капитенската лента и дури шутирајќи ја.
Ова е вторпат да му се случи ваков инцидент, откако на меч од квалификациите за Светското првенство против Србија го направи истото бидејќи му беше поништен очигледен гол во финишот на мечот.