Роналдо ослободен од обвинувањата за силување

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Обвинувањата против суперѕвездата Кристијано Роналдо за сексуален напад се отфрлени и тој нема да биде суден, се вели во пораката од окружниот обвинител на округот Кларк, Невада.

Потсетуваме дека властите во земјата започнаа истрага за напаѓачот на Јувентус во врска со обвиненијата на Американката Кетрин Мајорга, со која имал сексуален однос во јуни 2009 година во Лас Вегас.

Во септември минатата година таа го обвини Роналдо за силување, но ова не беше докажано врз основа на дадените информации. Таа тврди дека поднела анонимна жалба до полицијата таа ноќ кога била со Роналдо.

Една година подоцна таа постигна договор со Португалецот за 375.000 долари за повлекување на обвинувањата и молчење. Мајорга вели дека била принудена да го потпише овој документ.

„Врз основа на достапните информации, обвинувањата за сексуална злоупотреба од страна на Роналдо не можат да се докажат и нема да бидат покренати обвиненија против него“, гласи пораката наамериканските власти.

Самиот играч постојано негираше дека сторил такво кривично дело и не се сомневаше дека ќе биде ослободен од обвинението.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.