14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Роналдо нокаутираше редарка, па како извинување и подари дрес

Најчитани вести

Едно лице кое беше задолжено за редот на синоќешниот дуел помеѓу Јанг и Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, долго време ќе го памети овој натпревар.

На загревањето пред мечот, Кристијано Роналдо шутираше од врвот на шеснаесетникот, но наместо да ја затресе мрежата, директно во глава погоди една редарка, која беше свртена со грб, односно внимаваше што се случува на трибините и не можеше да се одбрани.

Таа веднаш падна на земја, на помош притрчаа и другите редари, а пристигна и Кристијано Роналдо да се извини за својот потег. Португалецот не остана само на зборови, на редарката и остави и убав сувенир, односно неговиот дрес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com