Во интервју за португалската „ТВИ“ мрежа, Кристијано Роналдо го анализира денешниот трансфер пазар.
За кратко време цените на фудбалскиот трансфер пазар драстично скокнаа.
„Во денешниот фудбал тешко е да се прават калкулации за цените, фудбалската индустрија е различна“, вели Роналдо.
„Да го тргнеме случајот со Жоао Феликс, секој фудбалер вреди 100 милиони, дури и без да покаже нешто“.
„Има повеќе пари во фудбалот. Централен дефанзивец и голман можат да вредат по 70-80 милиони евра. Не се согласувам со тоа, но во таков свет живееме и мораме да го прифатиме тоа“.