30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Роналдо испишува историја во Лигата на шампионите

Најчитани вести

На вчерашниот меч против Баер Леверкузен, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо рушеше рекорди во Лигата на шампионите.

Роналдо синоќа победи по 102. пат во Лигата на шампионите со што го помина Икер Касиљас и стана фудбалерот со најмногу триумфи во натпреварувањето.

Голот против Леверкузен беше негов 128 во Лигата на шампионите со што има 16 повеќе од неговиот ривал Меси на вечната листа во елитното натпреварување.

Тој постигна голови во 14 сезона по ред во Лигата на шампионите со што се изедначи со Меси и Раул Гонзалез.

Тој го изедначи и рекордот на Раул по постигнати голови на различни тимови. И двајцата им дале гол на 33 различни тима во Лигата на шампионите.

Минатата ноќ Роналдо одбележа и 16 години од настапите во Лигата на шампионите, прв негов натпревар е против Штутгар во дресот на Манчестер јунајтед во 2003 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести