Home » Роналдо им се налути на новинарите: Јас сум тој што треба да реши и точка

Роналдо им се налути на новинарите: Јас сум тој што треба да реши и точка

by Журнал.мк

Португалија и Македонија, вечерва во Порто, ќе се борат за пласман на Светското првенство во Катар. За овој меч Португалија се избори со победата над Турција (3:1), а Македонија со триумфот над Италија во Палермо (1:0).

Португалија на теренот ќе ја предводи Кристијано Роналдо. Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот има желба петти пат во кариерата да биде дел од еден планетарен шампионат.

Пред натпреварот, Роналдо нервозно реагирал на прашањата дали ќе се повлече од репрезентацијата доколку доживее неуспех во дуелот со Македонија.

„Ги повторувате прашањата. Не ви е прв пат да поставувате вакви прашања. Само јас можам да решам што ќе се случува во иднина. Ако сакам да продолжам да играм за националниот тим, ќе продолжам да играм. Ако не сакам, тогаш нема да играм. Јас сум тој што треба да реши и точка“, луто одговорил Роналдо.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, потоа пофално зборувал за македонската репрезентација и порачал дека Португалија нема да дозволи да ја доживее судбината на Италија.

Натпреварот на „Драгао“ во Порто ќе започне во 20.45 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk