Home » Роналдо е можна замена за Левандовски во Баерн Минхен

Роналдо е можна замена за Левандовски во Баерн Минхен

by Журнал.мк

Португалскиот фудбалски интеранционалец Кристијано Роналдо е на излезната врата кај Манчестер јунајтед, па се погласни се највите во европските медиумите дека ќе замине по ново предизвик во германската бундеслигашка конкуренција, каде нема настапувано во својата богата кариера.

Трофејниот Баер Минхен е клубот кој се поменува како нова дестинација за Роналдо. Шпански „АС“ пренесува дека германскиот гигант би можел да го доведе како замена за Роберт Левандовски кој прави се за клубот да го пушти во Барселона.

Најавите од Островот се дека Роналдо не се вклопува во идејата на Ерик Тен Хаг, додека во Баерн ќе добие и можност повторно да игра во Лигата на шампионите што во Јунајтед не би било случај во сезоната која следи.

„После потписот со Садио Мане, Баерн може да го донесе и Кристијано Роналдо со што би станал главна тема во овој преоден рок“, стои во дел од текстот на „АС“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More