Синоќа екс европскиот шампион Португалија во полуфиналето од мундијалскиот бараж извојува тешка победа над Турција од 3-1 и сега само Македонија е последната пречка до посакуваниот пласман на Светскиот самит во Катар.
Предводникот на Португалија Кристијано Роналдо вели дека Македонија е многу потежок ривал од гигантот Италија.
„Се уште ништо не сме направиле, не сме постигнале. Има уште едно скалило до СП во Катар. Оваа победа над Турција е одлично нешто, но имаме уште еден меч. Мораме да се фокусираме и да не го потцениме противникот. Многу луѓе велат дека Македонија ќе ни биде лесен „залак“. Според мене, да се игра против Македонија е многу потешко отколку да се игра со Италија“

Слично размислува и селекторот на Португалците Сантош.
Португалскиот селектор Фернандо Сантош после синоќешната победа од 3-1 над Турција за престојното финале со македонија истакна:
„Првиот меч го победивме, сега мора да победиме и на следниот, а тој ќе биде многу комплициран. финалињата секогаш се непредвидливи. со македонија ќе биде уште потешко и покомпликувано“, рече Сантош.