9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Роналдињо: Неможам да кажам дека Меси е најдобриот на сите времиња

Најчитани вести

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец и инетрнационалец во европските клубови, меѓу кои и шпанската Барселона, Роналдињо, смета дека Аргентинецот Лионел Меси кој сега го предводи тимот од „Камп Ноу“ не е најдобриот играч во историја на оваа игра. Роналдињо своевремено со Меси играше заедно во тимот на Барселона. Бразилецот смета дека има уште многу играчи низ историјата во најважната споредна работа на светот кои биле доминантни во периодот кога настапувале, но фактот дека Меси е најдобар во својата ера и тоа не го оспорува.

– Мило ми е што Меси ја освои шесттата „Златна топка“ бидејќи тој ми е голем пријател. Не сакам споредби, бидејќи тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња, рече Роналдињо и додаде:

-Тука се Диего Марадона, Пеле, Роналдо… па затоа не можам да кажам дека Меси е пред сите, но дека е најдобар во својата ера, тоа е вистина.

И Роналдињо ја има освоено „Златната топка“ во 2005. година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com