-3 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Ромелу Лукаку не се качи на авионот за Барселона

Најчитани вести

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку денеска отпадна од натпреварот во Лигата на шампионите против Барселона, бидејќи е повреден. Ова го објави тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте.

„Ромелу нема да патува со нас. Тоа го решивме во последен момент затоа што има проблем во квадрицепсниот мускул. Ова е повреда која се одолговлекува веќе 10 дена и моравме да решиме дали да го присилиме. Добро е што покажаа тестовите дека нема ништо сериозно, но сепак ќе му дадеме пауза и нема да ризикуваме“, рече Конте.

26-годишниот белгиски репрезентативец, кој се пресели од Манчестер Јунајтед во Милан во август за 65 милиони евра, постигна три гола на своите први седум натпревари што ги играше за Интер.

Лидерите во Серија „А“ вечерва од 21.00 часот гостуваат во Барселона, а двата тима ремизираа на своите први средби во групата „Ф“ со Славија (Прага) и Борусија Дортмунд, соодветно.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести