12 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Рома го продаде еден од најдобрите играчи и тоа на големиот ривал

Најчитани вести

Грчкиот дефанзивен фудбалер Костас Манолас и дефинитивно ќе го облече дресот на Наполи.

Шпекулацииите околу трансферот на Манолас траат неколку недели, повеќе клубови беа заинтересирани за неговите услуги, но на крајот во борбата победата ја однесе ривалот на Рома, Наполи.

Дека се е завршено потврди и Рома, која преку официјалната страница на сега својот поранешен играч му посака среќа во новата средина и притоа се заблагодари за се што направи на Олимпико, а за овој трансфер ќе добие нешто повеќе од 30 милиони евра.

Како што беше претходно соопштено, Манолас ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рома биле приморани на овој потег поради финансискиот фер плеј и евентуалните санкции од УЕФА.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести