9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Романците одлучија: Македонија на ЕУРО во Букурешт ќе игра пред максимум 13.000 гледачи

Најчитани вести

Романската престолнина, Букурешт, која ќе биде еден од 12-те градови домаќини на ЕП ова лето на кое ќе учествува и Македонија, денеска потврди дека во принцип властите го прифатиле предлогот на Структурата на локалната организација (ЛОС) да се овозможи пристап на гледачите на трибините за натпреварите на ЕУРО 2020 во соодност на 25% од вкупниот капацитет на Националната арена.

На состанокот на Интерминистерскиот комитет ЕУРО 2020, на предлог на министерот Едуард Новак, претседател на Комитетот, на дневниот ред имало само една точка, односно проценка на сценариото за пристап на гелдачи на натпреварите во Букурешт. По неколкучасовно презентирање на некои сценарија и дебатирање за нив, Интерминистерскиот комитет ЕУРО 2020 постигна консензус: Букурешт ќе може да дозволи присуство на гледачи на натпреварите од ЕП кои ќе се играат на тамошната Национална арена и тоа во однос 25% од вкупниот капацитет.

Токму Македонија ќе го одигра првиот меч во Букурешт и тоа против Австрија на 13 јуни.

Во романската престолнина ќе играме и против Украина на 17 јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести