Home » Романо: Челзи доведе хит играч за 70 милиони евра

Романо: Челзи доведе хит играч за 70 милиони евра

by Журнал.мк

Бразилецот Рафиња (25) беше голема желба на Барселона, но Фабрицио Романо пишува дека овој напаѓач на Лидс Јунајтед ќе заврши во Челзи.

Постигнат е договор меѓу клубовите и бразилскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во редовите на сините.

Лидс ја прифати понудата на Челзи од приближно 70 милиони евра со дополнителни бонуси. Челзи ќе му ја исплати на Лидс целата цифра во готово, додава тој.

Рафиња беше еден од најбараните играчи во овој преоден рок. Го посакуваше и Арсенал, но „топчиите“ не успеаја да се договорат со Лидс.

И Барселона денеска испрати понуда, но ниту Шпанците не успеаја да го надминат Челзи и неговата богата понуда.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More