Home » Романка 11.000 пати се јавила на итна помош за една година

Романка 11.000 пати се јавила на итна помош за една година

by Журнал.мк

Пензионерка од градот Браила, Романија, лани за цела година 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 – без никаква причина.

Аурелија Санду се јавувала секој ден и барем еднаш во еден час, а како причина ги наведувала и караниците со соседите. Одговорните за повиците ја известиле и полицијата, па докажано неоснованите жалби ѝ донеле казна на Романката од 2.000 леи (околу 410 евра). Но, ни тоа не ја спречило жената.

Се чини, Санду не е единствената… Истата оваа 2022 година, човек од Вранча над 5.000 пати се јавил на единствениот број за итни повици – само за да ги навреди операторите на Специјалната телекомуникациска служба.

„Луѓето се јавуваат затоа што им е досадно, зашто мислат дека е смешно, или пак, ‘мораат’ да пријават измислени злосторства“, велат од службата за тамошните медиуми.

Само во 2022 година на телефонскиот број биле регистрирани четири милиони неосновани повици, според извештаи на романската полиција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk