Home » Рокот за нови документи истекува на 12-ти февруари, во МВР службите работат во три смени

Рокот за нови документи истекува на 12-ти февруари, во МВР службите работат во три смени

by Журнал.мк

Трка со времето за вадење нови документи. Рокот истекува на 12-ти февруари, но наближуваат и избори. Оние кои немаат валидни документи со новото име на државата, нема да можат да гласаат. Од ДИК сметаат дека новонастанатата ситуација, која не е опфатена во Изборниот законик треба дополнително да се регулира со закон, односно сите граѓани кои имаат 18 години и валидни лични карти или патни исправи, со непроменето име на државата, да можат да го искористат своето право на глас.

„Истото дополнително треба да се регулира со закон, со цел на сите граѓани кои ги исполнуваат преостанатите услови, да им се овозможи искористување на правото на гласДржавната изборна комисија активно членува во работната група за измени и дополнувања на Изборниот законикЗа евентуални измени и дополнувања во овој, и во други делови од Изборниот законик, јавноста ќе биде навремено информирана“-велат за МТВ од Државната изборна комисија.

Од МВР велат дека службите работат во три смени, за викенди и за празници за да им излезат во пресрет на граѓаните навремено да ги заменат личните документи. Додаваат дека системот има капацитет да ги обработи сите исправи до крајниот важечки рок, 12-ти февруари.

„Сите граѓани ќе добијат патна исправа или лична карта или за што и да аплицираат. Обрасци има доволно системот функционира така што сите граѓани коишто ќе аплицираат ќе го добијат својот документ. Ние како министерство, односно Одделот за управни работи, работи и втора смена и трета смена, викенди и празници се со цел за да може да се одговори на барањата на граѓаните“, изјави Тони Анѓеловски, помошник на министерот за односи со јавноста при МВР.

По 12-ти февруари граѓаните нема да можат да излезат од границите на државата доколку на пасошот стои името „Република Македонија“. Неважечки ќе бидат личните карти и возачките дозволи – ниту една институција нема да ги прифати како важечки документ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More